
САМСУНГ ИМА ГОЛЕМИ ЗАГУБИ, ПАД НА ПРОФИТОТ И ДО 78 ОТСТО: Луѓето сè помалку купуваат нови телефони
Јужнокорејскиот технолошки гигант Самсунг денеска објави дека
во третиот квартал очекува пад на оперативната добивка за 78 отсто на годишно
ниво.
Главната причина е малата побарувачка за потрошувачките уреди
на компанијата, пренесува CNN.
Самсунг објави дека во третиот квартал очекува оперативен профит од
2,4 трилиони корејски вони, или 1,8 милијарди долари, додека во истиот квартал
лани оперативната добивка изнесувала 10,85 билиони вони (осум милијарди
долари).
Во исто време, компанијата од Јужна Кореја очекува пад на
приходите од 12,7 отсто во третиот квартал. Во последниве месеци, Самсунг објави
големи загуби бидејќи глобалната економска несигурност влијае на потрошувачите
ширум светот и многу луѓе ги користат своите стари мобилни телефони и лаптопи
подолго.
Според истражувањето на Counterpoint, „изгледа дека 2023
година ќе биде најлошата година за глобалните испораки на паметни телефони во
последните 10 години“, при што испораките се очекува да се намалат за шест
отсто на годишно ниво на помалку од 1,2 милијарди телефони.