
Само еден играч може да го замени Де Брујне, ама Гвардиола не може да го купи
Белгискиот фудбалер учествуваше во најголемите успеси на актуелниот освојувач на титулата во Премиер лигата, но со оглед на тоа што има 33 години, јасно е дека се ближи кон крајот на кариерата. Пеп Гвардиола интензивно е во потрага по негова замена, ама на пазарот нема голем избор. Според него, само еден фудбалер може да го замени де Брујне.
„Тоа е Џуд Белингам. За жал, невозможно е да се купи, тој е играч на Реал и тој со години ќе доминира во Мадрид“, смета Гвардиола.