Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САЈБЕР БУЛИНГ ИМА, АМА НЕ СЕ ПРИЈАВУВА Децата од иницијативата „Нет без хејт“ ќе ги обучуваат да препознаваат онлајн насилство и врсниците и родителите
Македонија

САЈБЕР БУЛИНГ ИМА, АМА НЕ СЕ ПРИЈАВУВА Децата од иницијативата „Нет без хејт“ ќе ги обучуваат да препознаваат онлајн насилство и врсниците и родителите

25/02/2026

AA

Иницијативата #NetWithoutHate – Нет без хејт, која е започната пред две години, е дел од пошироката и долгогодишна соработка меѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија и е насочена кон справување со најкомплексните предизвици на денешните генерации – оние што ги носи со себе присуството во дигиталниот простор.

Практично, во Македонија нема млад човек на возраст од 15 до 24 години кој не користи секојдневно интернет што со себе повлекува и опасност од сајбер-насилство, онлајн врсничко малтретирање, говор на омраза и штетни содржини.

Статус, коментар, лајк, не-лајк, стикерчиња, или каков било облик на изразен став  во сајбер просторот, е дел од секојдневниот живот на младите и може да биде извор на онлајн насилство.

Иако според истражувањата, речиси две третини од средношколците во Скопје потврдиле дека булингот е присутен во нивните училишта, а секој трет ученик изјавил дека бил жртва на некаква форма на врсничко насилство кое најчесто се случува токму онлајн, преку социјалните мрежи, досега официјално не е пријавен ниту еден ваков случај.

Ова е показател дека е потребна едукација, но дека таа не е доволна, туку е потребно охрабрување, како и сигурен простор во кој младите ќе знаат дека не се сами кога ќе одлучат да проговорат.

Токму ова е и идејата на иницијативата #NetWithoutHate – Нет без хејт, младинско движење за интернет без омраза, поттикнато  од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, а во партнерство со Сојузот на извидници на Македонија.

Имено, во февруари минатата година беа избрани 50 адолесценти од различни средини, поддржани од ментори и експерти, кои се обучуваа да бидат гласници на промена и двигатели на младинското движење за интернет без омраза во своите училишта и заедници.

Целата програма на оваа иницијатива се темели на фактот дека кај адолесцентите од 14 до 18 години, најсилно влијание имаат врсниците, а не институциите, или, како што велат и самите, младите најдобро можат да ги разберат младите.

Учениците кои се дел од иницијативата #Нет без хејт денеска ги претставија своите активности, претстојната кампања и прирачникот, осмислени како алатки за справување со онлајн-насилство, за побезбедна дигитална средина и пријавување сајбер-булинг, кои треба да бидат заокружени до крајот на годинава.

Меѓу нив, беа презентирани идеи за креирање младинска дигитална серија со дебати во подкаст-формат за онлајн омразата, модули родител–дете за поттикнување отворени разговори за сајбер-насилството, како и иницијатива за зајакнување на улогата на детските правобранители во училиштата за заштита на дигиталните права. Дополнително, беа претставени две идеи за онлајн платформи управувани од млади, кои ќе нудат практични совети и врсничка поддршка за деца што се соочуваат со онлајн притисок и предизвици поврзани со менталното здравје.

Младите учесници го претставија и новиот Прирачник за превенција од сајбер-насилство и говор на омраза, ко-креиран и тестиран заедно со деца и експерти.

Наменет за наставници, психолози, социјални работници и младински работници, прирачникот содржи 19 интерактивни активности кои промовираат дигитална безбедност, емпатија, одговорно онлајн однесување и свесност за влијанието што онлајн постапките го имаат врз другите.

Планирано е младите да реализираат иницијативи во најмалку 20 училишта и заедници, со можност во нив да се вклучат и други млади луѓе. Со  поддршка на институциите, заедниците и професионалците се очекува движењето да направи исчекор кон пошироко и подолгорочно влијание.

На настанот денес беа присутни и министерката за образование Весна Јаневска и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

– Вкупно 34 случаи на врсничко насилство се пријавени годинава во Министерството за образование, но не е пријавен ниеден случај за насилство преку интернет, а вие велите дека го има. Јас би ве охрабрила, доколку сметате дека можеме да ви помогнеме, а можеме, кога ќе наидете на такво насилство, да го пријавите зашто ние имаме стручни служби што ќе поработат и со службите во училиштата и со наставниците, а ако има потреба и со насилникот, како и со жртвата, ако се обрати. Бидете мост меѓу интернетот и стручните служби. Поттикнете ги вашите врсници зашто разбирам дека меѓусебно најмногу се разбирате, дека на младите им требаат млади, но не исклучувајте ги возрасните. Некогаш и тие знаат да бидат корисни – порача министерката Јаневска.

Според министерот кој исто така ги слушна иницијативите на учениците активисти, освен со младите, во однос на сајбер-булингот, многу е важно да се работи и со родителите.

– Често ја повторуваме реченицата дека родителите не се научени да се справуваат со сајбер-насилството и сајбер-булингот зашто можеби тоа не постоело во времето кога тие растеле. Сега е некое друго време, кое го носи овој голем предизвик. Затоа е многу важно да се работи со родителите, но заедно и со сите партнери – училиштата, педагозите, стручните соработници и, секако, најмногу со младите – истакна Андоновски.

Како што информира Александра Ивановска од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, официјални пријави за онлајн-насилство генерално нема.

Како што информира Александра Ивановска од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, официјални пријави за онлајн-насилство генерално нема.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат

25/02/2026
Македонија

ТАЖНО Е ДО КОЕ ДЕРЕЏЕ СЕ ДОВЕДЕ НЕКОГАШНАТА ДРЖАВОТВОРНА ПАРТИЈА

25/02/2026
Македонија

Сообраќајка во Штип: Двајца малолетници тешко повредени!

25/02/2026
Македонија

ДНК на осомничениот 25-годишен убиец во кумановско се совпаѓа со

25/02/2026
Македонија

Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане

25/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ДАДЕ АМИН ЗА ПОТРЕБАТА ОД НАМАЛЕНИ ПЛАТИ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

25/02/2026
Македонија

„Секогаш се знаеше кога доаѓа полициска инспекција за малолетници, чекавме

25/02/2026
Македонија

ВИДЕО Герила акција: Илиевска и Чулаковки обезбедија паркинг-место за градоначалникот

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

25/02/2026

Минималната плата не е само бројка, туку прашање дали едно семејство ќе може да ја плати сметката за струја, дали

ТАЖНО Е ДО КОЕ ДЕРЕЏЕ СЕ ДОВЕДЕ НЕКОГАШНАТА ДРЖАВОТВОРНА ПАРТИЈА Од ЗНАМ одговорија на „фабриката

25/02/2026

СДСМ повторно бега од одговорност со навреди, етикетирања и лични дискредитации и кога немаат аргументи, измислуваат приказни, обвинува движењето ЗНАМ

Сообраќајка во Штип: Двајца малолетници тешко повредени!

25/02/2026

Вчера во 10:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy