Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Руски авион со шест лица се урна во североисточниот дел на Авганистан
Македонија

Руски авион со шест лица се урна во североисточниот дел на Авганистан

22/01/2024

AA

Руски авион се урна во планинскиот североисточен Авганистан, објави во неделата агенцијата за воздушен транспорт Росавијација. Се верува дека во авионот имало шест лица.

Според руското издание Комерсант, четворица од патниците се живи, со различни повреди. Состојбата на другите двајца се утврдува.

„Според прелиминарните информации, во авионот имало шест лица: четворица членови на екипажот и двајца патници. Бизнис авионот со два мотори, произведен од француската компанија „Дасо“ во 1978 година, во сопственост на компанија „Атлетик груп“ и приватно лице, превезувал болен патник од Индија до Узбекистан и Русија.

Операцијата за пребарување на авионот продолжува, уверуваат од агенцијата. Според руската новинска агенција РИА Новости, двајцата патници се Руси. Едната била тешко болна, а другата бил нејзиниот сопруг кој го платил летот.

Претходно, претставник на локалните власти изјави за АФП дека авионот паднал во провинцијата Бадакшан, која граничи со Кина, Таџикистан и Пакистан. „Авионот се урна, но локацијата сè уште не е позната. Испративме тимови, но тие сè уште не пристигнаа“, рече Забихулах Амири, шеф на покраинскиот информативен оддел.

„Утрото бевме информирани од локалното население. Местото на несреќата е осум часа оддалечено од главниот град на провинцијата Фајзабад, рече Амири. Руските истражители најавија дека започнуваат истрага за причините за несреќата. Моќниот планински венец Хинду Куш ја преминува провинцијата, дом на највисокиот врв во Авганистан, планината Ношак на 7.492 метри.

фото: архива

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ахмети најави повлекување: Нема да останам цел живот претседател на

13/06/2026
Македонија

Јакимовски тврди дека пресудата сѐ уште не му е врачена,

13/06/2026
Македонија

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат

13/06/2026
Македонија

Едно лице приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство

13/06/2026
Македонија

Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – сите возеле

13/06/2026
Македонија

Полициска акција на повеќе локации: Уапсени 12 лица поради дрога!

13/06/2026
Македонија

Приведени две лица од скопско – при преглед во возилото

13/06/2026
Македонија

Предлог притвор за 36-годишник: Со месеци силувал 12-годишно девојче во

13/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43746
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy