Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РУСКАТА НАФТА УСПЕШНО ГИ ЗАОБИКОЛУВА ЕВРОПСКИТЕ РЕСТРИКЦИИ- таа и понатаму стигнува во Европа, и тоа во огромни количини
Економија

РУСКАТА НАФТА УСПЕШНО ГИ ЗАОБИКОЛУВА ЕВРОПСКИТЕ РЕСТРИКЦИИ- таа и понатаму стигнува во Европа, и тоа во огромни количини

23/03/2023

AA

Нафтата лесно може да се меша со други пратки во транзитните земји, со што се создаваат пратки на кои потоа е особено тешко да им се одреди земјата на потекло.

– Зависноста на ЕУ од руската нафта и гас е минато – тврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Сепак, украинските власти и енергетските бизнисмени веруваат дека големи количини руски енергетски производи, особено нафта, продолжуваат да се слеваат во Европа, која „ја финансира воената машина на рускиот претседател Владимир Путин“.

Како што пишува „Политико“, посредниците од ЕУ купуваат руска сурова нафта и ја транспортираат во Европа по заобиколен пат.

– Еден пријател од Њујорк ми се пожали дека бубашвабите секогаш наоѓаат дупка за да влезат во неговиот стан, токму тоа го прави Русија со своите извори на енергија. Европа мора да ги затвори тие дупки и да ја спречи Русија да ја финансира својата воена машина со крвави пари што ја уништува нашата земја и го убива нашиот народ – изјави за бриселскиот портал Олех Устенко, економски советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Нафтата лесно може да се меша со други пратки во транзитните земји, па се создаваат пратки на кои потоа е особено тешко им се одреди потеклото, а процесот на преработка, неопходен за секоја практична примена, ги отстранува трагите од примарните суровини, наведува Политико.

Large volumes of Russian crude oil are still being shipped onto global markets.

Experts suspect they are finding their way to Europe’s market through the back door.https://t.co/Gc1P6HA3tD

— POLITICOEurope (@POLITICOEurope) March 22, 2023

Од друга страна, бродовите пловат под различни знамиња и воопшто не придонесуваат за транспарентност: некои морнари се обвинети дека на различни начини „и помагале на Русија да ја скрие земјата на потекло на извезените суровини“.

Европската унија, инаку, го забрани увозот на руски фосилни горива од почетокот на војната во Украина, што беше во февруари 2022 година, со одредени исклучоци: ограничени количини сурова нафта, гас и течен природен гас (ЛНГ) како и нафтени продукти.

Сепак, големи количини руска сурова нафта, која е многу поголем извор на приходи од бизнисот со гас, сè уште се испорачуваат на светските пазари, при што некои експерти мислат дека овие количини влегуваат во Европа преку „задната врата“, пишува порталот. 

– Од воведувањето на санкциите, количините на сурова нафта што ги извезува Русија се главно стабилни. Можно е руската нафта се уште да се продава во ЕУ и западните земји преку посредници – вели Сад Рахим, водечки економист на трговската компанија Трафигура.

Еден потенцијален пат е Азербејџан, кој се граничи со Русија и е почетна точка на гасоводот Баку-Тбилиси-Чејхан (БТЦ) управуван од БП. Пристаништето Џејхан, во Турција, е главен центар од кој се испраќа сурова нафта во Европа, а Џејхан добива и големи количини нафта од Ирак преку нафтоводот Киркук-Џејхан.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42351
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!

10/04/2026

Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето во делот на лифтот

10/04/2026

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026

На 09.04.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со Г.М.(52) од струшкото село Калишта. Претходно,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy