Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Русија втора ноќ по ред изврши напад со дрон врз Киев, соопштија украинските власти
Македонија

Русија втора ноќ по ред изврши напад со дрон врз Киев, соопштија украинските власти

20/11/2023

AA

Русија синоќа втора ноќ по ред изврши неколку бранови напади со беспилотни летала врз Киев, засилувајќи ги нападите врз главниот град на Украина по пауза од неколку недели, соопшти градската воена управа, цитирана од Ројтерс.

„Непријателските беспилотни летала беа лансирани во неколку групи и го нападнаа Киев во неколку бранови, од различни правци, додека постојано го менуваа својот курс за време на летот“, рече во Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.

„Затоа во неколку наврати прогласивме воздушна тревога во главниот град“, додаде тој.

Попко рече дека според прелиминарните информации, украинската противвоздушна одбрана соборила речиси 10 беспилотни летала камикази над Киев и неговата околина.

Засега нема извештаи за жртви или оштетување на критичната инфраструктура, додаде тој.

Ројтерс не може самостојно да ги потврди овие бројки. Засега нема коментар ниту од Русија.

Русија почна да ја напаѓа енергетската, воената и транспортната инфраструктура на Украина во октомври 2022 година, шест месеци откако руските сили не успеаја да го заземат главниот град Киев.

Минатата зима, Русија истрела стотици проектили и беспилотни летала кон Украина, оставајќи милиони без струја, греење и вода во најстудените месеци од годината, пред да ги олесни нападите во лето, наведува Ројтерс.

По пауза од 52 дена, Русија ги продолжи нападите врз Киев претходно овој месец. Украинските власти вчера соопштија дека сите беспилотни летала испукани во Киев претходната ноќ се соборени, но дека е погодена инфраструктурата во другите области на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и други официјални лица предупредија дека Русија може да продолжи со масовните напади врз украинската цивилна инфраструктура како што се приближува зимата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42407
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy