Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РУШЕЊЕ РЕКОРДИ: Извршител заплени повеќе од 6 милиони евра од Министерството за финансии
Економија

РУШЕЊЕ РЕКОРДИ: Извршител заплени повеќе од 6 милиони евра од Министерството за финансии

30/01/2023

AA

Извршителската канцеларија на Снежана Андреевска во седум трансакции на 9 јануари годинава наплатила 376.886.131 денари од Министерството за финансии. Овие 6.120.000 евра се рекордна наплата на извршител кога и да било од одредена државна институција, покажува платформата „Отворени финансии“.

Иако Министерството за финансии е должно кон јавноста да објасни кој е доверителот на кому му се должело во овој случај и за каков предмет е присилната наплата, од таму ја префрлаат одговорноста на Државното правобранителство.

„Во врска со доставеното прашање Ве информираме дека Министерството за финансии, односно Трезорот, постапил врз основа на законските прописи, а врз основа на донесена првостепена одлука од Основниот граѓански суд Скопје и второстепена од Апелацискиот суд Скопје. Односно МФ согласно Упатство за присилна наплата, во случајот постапило по доставена спецификација од страна на НБРСМ изготвена врз основа на налог за извршување на извршител Снежана Андреевска. Во однос на основот за присилната наплата, посочуваме дека информации може да се обезбедат од Државното правобранителство“, велат од таму.

Од Државното правобранителство, орган кој инаку треба да го штити имотот и материјалните интереси на државата, велат дека не се запознаени со случајот.

„Државното
правобранителство на Република Северна Македонија, појаснува дека од
страна на Државното правобранителство на Република Северна Македонија не се
наплатени средствата кои ги наведувате, а ако е должник Министерството за
финансии средствата се симнати од нивната сметка и Државното правобранителство
нема податоци за тоа. Државното правобранителство
на Република Северна Македонија на иницијатива на институциите води соодветни
постапки по разни основи. 
Од податоците кои ги наведувате Државното правобранителство
на Република Северна Македонија неможе да утврди за која постапка или постапки
се работи,  и не се знае кој е основниот
долг по кој е иницирана постапката, ниту доверителот“, гласи одговорот на Државното правобранителство.

Народна банка, од каде е изготвена спецификацијата, по извршителскиот налог за заплена од Трезорот, велат дека доверителот им е непознат и не се запознати со детали за случајот, односно тврдат дека информацијата не е од јавен карактер и подлежи на законски ограничувања.

„Ве известуваме дека Народната банка, во спомeнатата постапка, врз основа на податоците и информациите содржани во налогот за извршување доставен од извршител, во согласност со прописите само изготвува пресметка на износот за кој треба да биде задолжена сметката на должникот и истата ја доставува за извршување до Трезорот на Министерството за финансии или Трезорот на Фондот за здравствено осигурување. На овој начин Народната банка постапила и во случајот со примените налози од извршителската канцеларија на Снежана Андреевска“, стои во одговорот од Народна банка.

Сите заклучоци водат кон неуспешната конфискација на „Трансмет“, во која минатата година се испостави дека дел од имотот на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во Труст, е префрлен на име на Пуцко Петрол. Со години најавуваната конфискација на имотот на „Трансмет“ во вредност од 17 милиони евра, со која требаше да се обесштети државата поради наместен тендер во РЕК „Битола“ во 2011 година, се претвори во пародија на механизмот конфискација. Имотот, кој требаше да е на име на државата, според претходни медиумски информации, постојано се раскрчмува преку извршители бидејќи предност да си ги наплатат побарувањата имаат други доверители, како фирми и банки. Лани се испостави дека додека траела судската постапка против Сеад Кочан во случајот на СЈО, „Труст“, трети лица стекнале право на дел од имотот на компанијата, иако тој прво беше замрзнат, а потоа и конфискуван од судот, на барање на обвинителството.

Во моментов институцијата Државен правобранител е испразнета, откако Фехми Стафа на крајот од август лани беше разрешен од Владата под контроверзни околности. Инаку, извршителите вопоследниот извештај во 2021 успеале да наплатат вкупно 20,2 милиони евра од државата.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
Македонија

РЕСТАРТ НА МКЦ Е УСЛОВ ЗА ОЖИВУВАЊЕ НА СКОПСКАТА УРБАНА

07/11/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ За

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46648
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Патриотизмот не се докажува со

07/11/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и на СДСМ

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за успешни реформи

07/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy