Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рудник од Македонска Каменица и одговорен од Велика Британија заработија кривична за загадување
Магазин

Рудник од Македонска Каменица и одговорен од Велика Британија заработија кривична за загадување

20/11/2024

AA

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Кочани, поднела кривична пријава против правно лице – рудник од Македонска Каменица и против К.Б.К.(57) од Велика Британија, со дозвола за привремен престој во Македонска Каменица, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животната средина и природа“ по член 218 и „загадување на добиточна храна и вода“ по член  223 од Кривичниот законик.

Во периодот од 01.08.2024 до 04.08.2024, соопштија денеска од МВР, при процесот на флотација, од правното лице во река Каменичка, која се влева во акумулацијата Калиманци, испуштени се отпадни води, односно тешки метали (цинк, олово, кадмиум и жива) во двојно поголеми количини од дозволените, со што на подолг рок предизвикале опасност по животинскиот и растителниот свет во Каменичка река и акумулацијата Калиманци.

– Од правното лице, истиот период во Каменичка река и езерото Калиманци е испуштен и акутен токсин цијанид, од чие присуство во езерото Калиманци е предизвикано акутно труење на рибите. Со вештачење со наод и мислење на Институтот за сточарство и рибарство, а врз основа на извештаи од лабараториско испитување на примероци вода од лабараторија е констатирано присуство на штетни и опасни материи во водата- тешки метали, а констатирано е и присуство на акутен токсин цијанид во смртоносна доза, а кој е причинител на труењето на рибите, појаснуваат во соопштението од МВР. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44794
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026

Сервисот на третиот ер трактор, кој беше оштетен за време на неодамнешното невреме во Скопје, денес е успешно завршен и

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

01/08/2026

На 72-годишна возраст, во Скопје, почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР). Веста ја

Жена не може да оди по породување со царски рез во штипската болница, најавена вонредна

01/08/2026

Министерството за здравство најави вонредна инспекција во Клиничката болница во Штип, откако 19-годишна пациентка останала со тешки невролошки последици по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy