Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рот: Уставните измени можеби се болни, но се неопходни
Македонија

Рот: Уставните измени можеби се болни, но се неопходни

12/09/2023

AA

Уставните измени се можеби болни, но се неопходни и затоа сакам да ги охрабрам моите колеги овде во Парламентот, во Владата, да го сторат најдоброто за да ја вратат земјата на европскиот пат, порача денеска во Скопје претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундетагот и поранешен државен министер на Германија за Европа Михаел Рот.

– Ни треба повеќе амбициозност околу пристапните преговори. Северна Македонија игра многу важна улога како мултиетничка, мултирелигиозна и мултикултурна земја. Би сакал да ги мотивирам моите колеги тука дека вреди да се ангажираат повеќе во борбата против корупцијата, независното судство, зајакнување на владеењето на правото и демократската култура во земјата. Неопходните реформи не се обврска само на Владата туку и на парламентарците, изјави Рот пред денешната конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“, што се одржува во Собранието.

Проблемите, вели Рот, не треба да се решаваат со заземање територии и етничко чистење, туку со соработка, пријателство помирување меѓу различни етникуми.

– Ценам што толку многу луѓе во земјава веруваат дека иднината на земјата е во обединета Европа. Но, за жал, војната се врати во Европа со руската агресија врз Украина. Тоа не е закана само за луѓето во Источна Европа туку за сите нас. Праќаме многу едноставна порака – да ние сме окупирани со војната, но тоа не занчи дека ја забораваме важната улога на што земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија ја играат за иднината на Европа, истакна Михаел Рот.

Германскиот парламентарец дојде во Скопје како дел од меѓународните дипломатски напори за отворање на европскиот пат на Северна Македонија и спроведување на уставните измени како услов за напредок кон ЕУ. Рот во текот на денов ќе има средби со претседателот на Собранието Талат Џафери, со претставници на Владата и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy