Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Росица Кулакова: Доколку судиката му го продолжила притворот се до правосилност на одлуката, сестра ми Фросина ќе беше жива!
Македонија

Росица Кулакова: Доколку судиката му го продолжила притворот се до правосилност на одлуката, сестра ми Фросина ќе беше жива!

08/02/2025

AA

На протестот во Неготино, сестрата на загинатата Фросина Кулакова, Росица Кулакова истакна дека проблемите во општеството потекнуваат од судскиот систем кој не ги казнува соодветно злоделата.

Таа побара одговорност за судијката Даниела Алексовска Стојановска која не го продолжила притворот на возачот Васил Јованов, кој ја предизвикал сообраќајката во која загина нејзината сестра Фросина. Според неа, Фросина ќе била жива ако притворот бил продолжен.

„Доколку судиката му го продолжила притворот се до правосилност на одлуката, а по вчерашната одлука на Апелација тој само ќе беше спроведен во затвор – мојата сестра Фросина денес ќе беше жива. Затоа бараме одговорност и од судиката Даниела Алексовска Стојановска“, побара Росица Кулакова.

Катерина Недева, во име на другарките на Фросина, порача дека протестот е израз на болка и бес против сообраќајното насилство и корумпираноста во судството. Таа апелираше за праведни казни, воспитување на учесниците во сообраќајот и подигање на свеста за одговорноста.

„Ова мора да престане! Изнајдете начин вие што ја имате моќта на одлучувањето во свои раце – во законските рамки, во воспитната превенција, во правичното и неселективно судство. Секој чекор од овој протесен марш е порака до вас. Почнете. Со објективна проценка , со праведна и строга казна и продолжете со едукација за подигање на свеста и совеста на секој еден учесник во сообраќајот. За да ја поттикнеме одговорноста кај возачот, мора да ја казниме неодговорноста на возачот без сообраќајна дозвола“, нагласи Недева.

Протестот привлече и други семејства на загинати во сообраќајни несреќи, кои побараа ревизија на сомнителни судски случаи. Фросина Кулакова беше прегазена на 29 јануари на булеварот „Партизански одреди“ од Васил Јованов, кој возел пијан, без дозвола и поминал на црвено.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
Македонија

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора

27/08/2026
Македонија

22 пожари низ Македонија, 9 се активни

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45297
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со огнот на тешко пристапен терен

27/08/2026

Голем пожар попладнево го зафати атарот на селото Копаница, каде што гори претежно сува трева, трње, грмушки и ниска вегетација.

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски регистрира сообраќајни прекршоци

27/08/2026

Системот „Сејф Сити“ од вчера започна автоматски да ги детектира прекршоците што ги прават мотоциклистите, информираше министерот за внатрешни работи

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026

На 26.08.2026 во 15:45 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 42-годишен маж, постапувајќи по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy