
Роналдо го доби специјалното признание од УЕФА (ВИДЕО)
Наградата на Португалецот му ја додели лично претседателот Александар Чеферин непосредно пред почетокот на ждребот.
„Роналдо веројатно е единствениот играч кој не старее, затоа и не ја затворам вратата за негово враќање во елитниот фудбал“, изјави низ шега Чеферин.
Португалецот се заблагодари на сите негови соиграчи во минатото истакнувајќи дека без нив не би можел да го оствари постигнатото.
Во Лигата на шампионите Роналдо постигна вкупно 140 голови и петпати ја освојуваше титулата, еднаш со Манчестер Јунајтед и четири пати со Реал Мадрид.
🚨🚨| OFFICIAL: Cristiano Ronaldo is awarded as the ALL-TIME TOP goalscorer in UCL history! ✨
— CentreGoals. (@centregoals) August 29, 2024
