Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Романија даде 500 милиони евра за мост, а ќе го реконструира по само една година
Регион

Романија даде 500 милиони евра за мост, а ќе го реконструира по само една година

11/08/2024

AA

На мостот Браила во Романија, кој во оваа земја го нарекуваа „романска златна порта“, бројни делови ќе треба да се реконструираат само една година по неговото отворање.

Мостот чија изградба чинеше 500 милиони евра, од неговото отворање е предмет на бројни санации, а претставници на патните компании најавија дека на мостот ќе треба да се стави нов слој асфалт, бидејќи патот стана нерамномерен поради топлината.

Од јуни минатата година на мостот се појавија бројни проблеми, а романски Диги24 пишува дека е утврдено дека некои шрафови на мостот не биле правилно затегнати и дека во сидровите блокови се појавила инфилтрација на вода.

Со вкупна должина од 1.975 метри, мостот Браила е најголемиот во Романија и трет по големина висечки мост во Европа. Истовремено, овој мост ќе го поврзува романскиот регион Молдавија со источниот дел на земјата, а прелиминарните проценки укажуваат дека преку него дневно ќе поминуваат 5.000 автомобили.

„Мостот е дизајниран да има работен век од 120 години. Ќе има мониторинг и контролен центар кој трајно ќе ја евидентира состојбата на мостот. На важни точки на мостот беа инсталирани повеќе од 50 сензори. Со цел да се обезбеди издржливост и висока антикорозивна заштита, воздухот на мостот ќе се исуши, а релативната влажност ќе се одржува под 40 проценти“, објасни романскиот министер за транспорт Јонел Скриостану минатиот јули.

За изградбата на овој мост се потрошени 52.360 тони челик и 297.000 тони бетон. Се наоѓа помеѓу градот Браила на истокот на Романија и областа Тулчеа, која се наоѓа на брегот на Црното Море.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗХГ бара веднаш да се активира „Безбеден град“ за пронаоѓање

18/02/2026
Македонија

Вчера уапсени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со

18/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ НАБАВАТ ЛЕКОВИ ЗА СЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ ОДЕДНАШ Терапија

18/02/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар избувна попладнево кај Усје

18/02/2026
Македонија

Кривичен суд определи 48 часа притвор на две лица осомничени

18/02/2026
Македонија

Три пожари за неколку часа во Струмица

18/02/2026
Македонија

48 часа притвор за двајца осомничени за запленетата марихуана во

18/02/2026
Македонија

ОДЛОЖЕНО УТРЕШНОТО РОЧИШТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ Обвинетиот

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41620
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗХГ бара веднаш да се активира „Безбеден град“ за пронаоѓање на сторителите што истураат кучиња

18/02/2026

Здружението „Зелен Хуман Град“ предупредува на растечкиот проблем со исфрлање кучиња од други градови во Скопје, кој, според нив, создава

Вчера уапсени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство

18/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода шест возачи, од кои четири

ЌЕ СЕ НАБАВАТ ЛЕКОВИ ЗА СЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ ОДЕДНАШ Терапија за пациентите со ретки болести

18/02/2026

Министерот за здравство Азир Алиу денеска порача дека пациентите со ретки болести ќе ги добијат неопходните лекови, најавувајќи дека годинава

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy