Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Родителите на трагично загинатите во „Пулс“ ја одбиваат поканата за средба со Мицкоски
Македонија

Родителите на трагично загинатите во „Пулс“ ја одбиваат поканата за средба со Мицкоски

09/05/2025

AA

Родителите на децата кои ги загубија животите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбиваат поканата за средба со премиерот Христијан Мицкоски, закажана за 13 мај во Скопје. Како што наведуваат во писмено соопштение, причината за одбивањето е доцнењето на поканата од Кабинетот на премиерот.

„Сметаме дека предлогот за средба во Кочани беше разумен и оправдан, особено со оглед на тоа што дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата“, стои во реакцијата. Родителите нагласуваат дека Мицкоски беше поканет да дојде во Кочани и таму да се одржи средбата во форма и содржина што тие ја сметаат за соодветна.

Во соопштението се додава дека ставовите се на мнозинството родители, но не се претендира да се зборува во име на секој поединечно.

Дополнително, родителите упатуваат повик до граѓаните да им се приклучат на „Маршот на ангелите“, кој ќе се одржи на 10 мај (сабота), со почеток во 16:05 часот, како чин на сеќавање и поддршка.

Маршот ќе се одржи во Кочани, градот кој беше потресен од трагедијата на 16 март 2025 година, кога во пожар во дискотеката „Пулс“ животите ги загубија повеќе млади лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАГЛА, СНЕГ И ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ Бидете внимателни, АМСМ ги предупредува

07/02/2026
Македонија

ДОВЕРБАТА ОД МИЦКОСКИ Е ОБВРСКА КОН МАКЕДОНИЈА Ковачки презема клучна

06/02/2026
Македонија

Македонското знаме се вее во Милано: Официјално отворени Зимските олимписки

06/02/2026
Македонија

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Утринска магла, попладневен дожд и снег

06/02/2026
Македонија

ДРАГАН КОВАЧКИ Е НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР Мицкоски го претстави новиот

06/02/2026
Македонија

ОКОЛУ 40 ТОНИ МАРИХУАНА ЗАПЛЕНЕТИ ВО СКЛАДИШТАТА Неверојатно откритие од

06/02/2026
Македонија

Од првичните 27 тони: Заплената на марихуана достигна рекордни 40

06/02/2026
Македонија

Сточарите од Штипско на удар на крадци: Од бачилото украдени

06/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41146
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАГЛА, СНЕГ И ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ Бидете внимателни, АМСМ ги предупредува возачите

07/02/2026

Aвто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, со претежно влажни коловози,

ДОВЕРБАТА ОД МИЦКОСКИ Е ОБВРСКА КОН МАКЕДОНИЈА Ковачки презема клучна функција во ВМРО-ДПМНЕ

06/02/2026

Новоназначениот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, порача дека функцијата што ја презема е голема чест, но и сериозна одговорност,

Македонското знаме се вее во Милано: Официјално отворени Зимските олимписки игри 2026

06/02/2026

Со спектакуларна и визуелно моќна церемонија на култниот стадион „Сан Сиро“ во Милано, вечерва беше означен почетокот на Зимските олимписки

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy