Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РКЕ на средба со висока делегација од Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика – МЕДРЕГ
Македонија

РКЕ на средба со висока делегација од Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика – МЕДРЕГ

15/02/2024

AA

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) беше домаќин  на висока делегација од Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика – МЕДРЕГ (Mediterranean Energy Regulators MEDREG) предводена од претседателот Абделатив Бардах, заедно со директорот Хасан Озкац и заменик директорот Барди Хоџа.

„Енергетската криза ни покажа на сите колку е неопходен синхронизран пристап и взаемна соработка во носење на одлуки кои ќе обезбедат сигурна и стабилна испорака на енергенси со единствена цел сите потрошувачи и домаќинствата непречено да имаат достапност до електрична и топлинска енергија како и нафтени деривати. Сведоци сме дека регулаторната рамка во време на енергетска криза донесе креативни решенија се со цел заштита на стандардот на граѓаните. Дел од нив се: воведување на блок тарифите – реформа која резултираше со намалување на потрошувачката, како и овозможување на дневна евтина тарифа. Нашето искуство, заедно со  прагматичниот пристап и експертизата што ја поседуваат членките на МЕДРЕГ е  додадена вредност во размената на искуства и градењето на професионален капацитет кај  вработените – што пак на сите ни помага во носење на квалитетни решенија. “ посочи  Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.

Претседателот на МЕДРЕГ Абделатиф Бардах и посака добредојде на РKE и посочи дека важно е поврзувањето на членките во креирање на функционален медитерански пазар на енергија.

„Напорите  кои ги вложувате во поттикнување на енергетска соработка со соседите не само што ја зацврстува енергетската безбедност туку и  значајно придонесуваат за пошироката регионална соработка.  Со долгогодишното искуство, РКЕ ќе има придонес во работните групи на МЕДРЕГ преку споделување на знаењата и искуствата. Интеграцијата на Северна Македонија во рамките на медитеранската енергија ја зацврстува идејата дека напорите за соработка се суштински за да им се излезе во пресрет на заедничките предизвици како што се енергетската безбедност, одржливост и транзицијата кон обновливи извори на енергија. “ посочи Бардах, претседател на МЕДРЕГ.

Директорот на МЕДРЕГ Хасан Озгоч ја истакна важноста на регионалната соработка со цел обезбедување на оперативен и интегриран медитерански пазар на енергија, посочувајќи дека кохерентна регулатива ќе овозможи лесна прекугранична размена на енергија

РКЕ минатата година на  35-тото генерално собрание со едногласна одлука стана полноправен член на Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика – МЕДРЕГ (Mediterranean Energy Regulators MEDREG).  МЕДРЕГ обединува 28 членки од 23 држави кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42396
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и расчистување со старите злоупотреби

12/04/2026

Глобалните геополитички тензии и растот на цените на енергенсите создаваат сериозен притисок врз економијата, но компаниите во технолошко-индустриските развојни зони

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и

12/04/2026

Државата подготвува значајни измени во системот за донорство на органи, со кои секој граѓанин ќе може лично да се изјасни

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026

Новата учебна 2025/2026 година носи загрижувачки трендови во основното образование, но и мал оптимизам кај средното, покажуваат најновите податоци за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy