Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ристески: Владината мерка за маржите ја поевтини храната за 3 отсто
Економија

Ристески: Владината мерка за маржите ја поевтини храната за 3 отсто

25/04/2025

AA

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески тврди дека двете владини мерки за ограничување на маржата на основните прехранбени производи, чиј рок истекува на 30 април, го дале потребниот ефект и ги намалиле трошоците кај граѓаните.

– Пред сѐ, имавме дефлација во март во однос на февруари за 1,3 проценти, а имаше и намалување на трошоците за храна и пијалаци од околу 3 проценти во март во однос на февруари. Крајните резултати ќе ги имаме по завршување на мерката, по крајот на април. Со официјалните податоци од Државниот завод за статистика ќе знаеме точно колку оваа мерка дала заштеда за македонското семејство во однос на трошоците за основните прехранбени продукти. Од тие податоци и од однесувањето на трговците ќе зависи какви и дали ќе има други мерки во иднина, изјави Ристески.при посетата на ТИРЗ Прилеп, а како одговор на новинарско прашање.

Заменик-министерот брифираше дека Државниот пазарен инспекторат при контролата на спроведувањето на овие мерки изрекол казнени налози од преку 3 милиона денари досега.

– Во овој период се направени преку 600 инспекциски контроли во трговијата на мало и на големо. Беа затворени осум објекти, претежно беа увозници на овошје и на зеленчук кои се обидоа да ја изиграат мерката. Контролите ќе траат до крајот на спроведувањето на мерката, до 30 април. Онаму каде ќе бидат утврдени неправилности, ќе бидат санкционирани со казни, а казните се од 500 до 10.000 евра, а и можност за затворање на одредени објекти до 15 дена, рече Ристески.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy