Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РИСТЕСКИ СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „ЛИДЛ“:  Се планира отворање на маркети во сите градови со одржлива демографска и економска моќ
Економија

РИСТЕСКИ СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „ЛИДЛ“: Се планира отворање на маркети во сите градови со одржлива демографска и економска моќ

30/05/2025

AA

Заменик министерот Ристески денеска одржа состанок со
претставници на менаџментот на реномираната германска компанија „Лидл“, на која
се дискутираше за новите инвестиции на трговскиот ланец во нашата земја.

Делегацијата од „ЛИДЛ“ беше составена од Милена
Драгиска-Денчева, главен извршен директор на „Лидл“ – Бугарија, Рубријан
Хаџиев, главен оперативен директор на „Лидл“ за Македонија и Теодора
Хаџи-Димова Танаскоска, директорка за човечки ресурси во „Лидл“ – Македонија.

На состанокот со заменик министерот Ристески
дискутираа за текот на работите на терен и динамиката на реализација на нивната
стратегијата за експанзија, согласно која се планира отворање на маркети од
светскиот бренд во сите градови со одржлива демографска и економска моќ. Во
моментов покрај изградбата на маркети во повеќе локации низ државата, главна
инвестиција на германскиот гигант е изградбата на логистичкиот центар во
индустриската зона во Куманово, кој ќе служи како центар за снабдување на
синџирот маркети.

Паралелно со изградбата, компанијата е во процес на воспоставување
на соработка со голем број на македонски компании, а дел од нивните производи
веќе можат да се најдат во продавниците на „ЛИДЛ“ во државите од регионот.

Ристески потенцираше дека Владата и министерството за
економија и труд се партнер на сите инвеститори и дека стои на располагање за
надминување на сите прашања и евентуални потешкотии со кои би се соочиле во
текот на нивните активности. Тој изрази надеж за што е можно побрзо отворање на
маркетите со што на македонскиот пазар би имале производи со европски стандарди
и цени прифатливи за нашите граѓаните, како и за што е можно поголема
застапеност на домашни производи во нивните маркети во Македонија и регионот.

Лидл е најголемиот европски синџир за малопродажба на
храна, во моментов се застапени во 31 земјa, каде има околу 12.000 продавници и
вработува повеќе од 360.000 луѓе.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42388
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА ДА МЕ ИЗБЕРАТ ВО РАKOВОДСТВОТО

11/04/2026

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy