
„РФС има 22 кола зад нив, а ние сѐ уште не сме спремни ни за наша лига, ама – оптимист сум“
РФС во оваа 2023 година нема пораз, дојдоа со 22 меча без загубен меч, победија од првата шанса со гол на Србинот Андреј Илиќ, а „лавовите“ во вториот дел се обидуваа да притиснат, да дојдат барем до реми, но сето тоа безуспешно.
„На ваквите мечеви резултатот е најважен, а жалиме за него зашто имавме солидно прво и доста квалитетно второ полувреме, но спремни и свесни сме за реваншот. Некои грешки не смее да ги повторуваме, а треба и малку да подобриме некои детали во нападот за реваншот и се ќе биде во ред. Јас цел живот сум оптимист, така е и сега, иако РФС има 22 меча во нозете и се поспремни од нас, а ние сме екипа која тренира четири-пет недели и што се вели сѐ уште не сме спремни ни за нашата лига. Беше топло и примивме гол во прво полувреме, можеби со 0-0 на паузата ќе беше противникот и поотворен, ќе имавме повеќе шанси да дадеме гол. Како и да е, јас немам што да им замерам на момците“, рече Симов.
