
Реми на Шкупи со Егнатија, Тотре за втора победа на подготовките за Шкендија
Поранешниот македонски репрезентативец Енур Тотре со гол во првото полувреме ѝ донесе втора победа на Шкендија во вториот контролен меч летово, откако претходно тетовските црвено-црни на својот прв тест славеа со 3-2 против романски Петролул Плоешти.
Чаирски Шкупи, пак, одигра реми 1-1 со албанска Егнатија, а стрелец на голот беше алжирскиот интернационалец Валид Хамиди. Чаирчани во првиот меч со 2-1 славеа против романски Херманштад на подготовките во Турција.
Денеска втор пораз пак запиша третиот македонски европретставник Македонија ЃП, која во Словенија загуби со 1-2 од Целје. „Лавовите“ претходно загубија и од Марибор со 1-3.
