
РЕКОРДОТ БЕШЕ ВО АПРИЛ: Зошто ќе се намалува цената на златото?
Има намалување на цените на златото на светскиот пазар поради намалена побарувачка.
Цената на златото го достигна својот максимум и сега следи период на стабилизација. Се очекува вредноста на златото да падне под 3.000 долари за фина унца во наредните квартали.
„Очекуваме цената на златото да се движи од 2.500 до 2.700 долари за унца до средината на 2026 година“, вели аналитичарот Макс Лејтон.
Падот на цената на златото се очекува поради постабилната инвестициска побарувачка за други форми на средства, подобрувањето на глобалните изгледи за раст и можноста американскиот Фед да ги намали референтните каматни стапки.
Во сценариото, за кое аналитичарите предвидуваат дека има 60 проценти шанси да се случи, цената на златото би можела да се консолидира над 3.000 долари за унца во текот на следниот квартал, а потоа да падне.