
РЕКОРДНО НИСКА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Соседите најлошо котираат
Стапката на невработеност во Eвропската Унија(ЕУ) се намали на историски минимум.
Невработеноста во Европската Унија кај луѓето на возраст од 15 до 74 години се намали од 6,1 процент во 2023 година на 5,9 проценти минатата година, што претставува најниско ниво забележано од почетокот на следењето на овие статистики во 2009 година, објави денеска Евростат.
Покрај тоа, стапката на долгорочна невработеност (подолга од една година) се намали на 1,9 проценти.
Општиот тренд е позитивен, но постојат големи разлики меѓу членките на Европската Унија.
Грција продолжува да бележи највисока стапка на долгорочна невработеност од 5,4 проценти, по што следуваат Шпанија со 3,8 проценти и Словачка со 3,5 проценти, додека Холандија има најниски стапки од 0,5 проценти, Малта со 0,7 проценти, како и Чешка, Данска и Полска со по 0,8 проценти.
foto Shutterstock/Monkey Business Images