Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Регионален развој без резултати – јавните инвестиции заглавени во локални приоритети
Македонија

Регионален развој без резултати – јавните инвестиции заглавени во локални приоритети

03/06/2025

AA

Државниот завод за ревизија објави ревизија за ефектите од јавните инвестиции во рамномерен регионален развој за периодот 2021-2023 година, при што утврди сериозни недостатоци и проблеми во планирањето, распределбата и мониторингот на средствата.

Ревизорите констатираат дека нема јасен критериум за избор на регионални проекти и дека распределбата на финансиски средства се врши преку различни министерства без ефективна координација и транспарентност. Повеќе од 90% од средствата за регионален развој се доделуваат преку министерски програми, а само околу 5-10% преку Програмата за рамномерен регионален развој, што ја намалува ефикасноста и ефектот на инвестициите врз развојот на целата земја.

Исто така, е утврден недостаток на систем за мониторинг и евалуација на проектите, што значи дека нема докази дали вложените средства доведуваат до долгорочна одржливост и позитивен ефект во регионите. Поради отсуство на интеграција на системите за координација и финансиско следење, постојат разлики во податоците за распределените средства, а дел од проектите што добиле финансирање се уште не се реализирани или се во рана фаза.

Посебно загрижувачки е што 72% од капиталните дотации во 2023 година биле доделени директно на 41 општина за 67 проекти без јавен повик и транспарентна постапка за избор, а дел од овие проекти се соочуваат со административни пречки и технички недовршености.

Во однос на регионалното управување со отпад, ревизијата покажа значително доцнење во реализацијата на клучните инфраструктурни проекти, што доведува до финансиски ризик за губење на дел од доделените европски средства. Дополнително, не е спроведена нова анализа за исплатливоста на проектите со изменети технички решенија, што ја загрозува нивната ефикасност.

Државниот завод за ревизија даде препораки до надлежните институции да воспостават ефикасен систем за селекција, мониторинг и евалуација на проектите, да обезбедат транспарентност и отчетност, како и да ја подобрат координацијата меѓу централната и локалната власт. Само така, јавните инвестиции ќе можат да придонесат за вистински рамномерен регионален развој и одржлива заштита на животната средина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42387
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА ДА МЕ ИЗБЕРАТ ВО РАKOВОДСТВОТО

11/04/2026

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026

Велигденските празници годинава доаѓаат во услови на забележителен раст на цените на основните прехранбени производи, при што јајцата повторно се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy