
Реал Мадрид го избра наследникот на Анчелоти – Чаби Алонсо!
Алонсо, кој моментно е тренер на Баер Леверкузе веќе подолго време високо котираше на листата на желби за тренер, на која беа и уште една клупска легенда Раул Гонзалез, потоа Зинедин Зидан, па и Жозе Мурињо, но според информациите на „радио Марка“, најтрофејниот светски клуб веќе ја донел одлуката.
За Чаби Алонсо во последниов период ептен се загреа и Баерн Минхен, кој не е најзадоволен од Томас Тухел поради критиките во последниов период кон раководството на клубот, но многу извесно е дека бившиот шпански репрезентативец ќе се врати на „Сантјаго Бернабеу“.

