Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реакција на изјавата на Министер за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова
Македонија

Реакција на изјавата на Министер за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова

14/07/2023

AA

Изразуваме загриженост што процесот на реализација на најголемата инвестиција од независноста на државата повторно се внесува во контекстот на дневно политичката агенда. Освен што изминатите денови се зголеми интензитетот на пласман на манипулативни и лажни вести, се создава впечаток дека противниците на рудникот не се свесни за евентуалните правно- финансиски последици од непостапувањето согласно позитивните законски прописи.

Апелираме до носителите на државни функции да се воздржуваат од изнесување на лични ставови. Облигациониот однос меѓу Еуромакс Ресоурсис и Владата е државна работа која произлегува од правно валидни акти потврдени со одлуки на Суд, а не приватен и личен однос меѓу случајни познаници. Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова има обврска да биде свесна на евентуалните правни последици од денешната нејзина изјава со која изрази личен став дека генерално е против рудници. Тоа прејудицира дека истата може да одлучува субјективно и пристрасно кога Еуромакс Ресоурсис ќе го достави дополнувањето на Елаборатот за влијание врз животната средина до МЖСПП, студија која всушност ќе ги демантира сите манипулации за наводната штетност на рудникот по здравјето и животната средина. Истовремено, најавата за повторно преиспитување на веќе донесената одлука на Владата, патем чиј министер е и таа, за спојување на концесиите чиј носител е Еуромакс Ресоурсис, е доказ за креирање на амбиент на правна несигурност.

Жалиме што ваквите политички ставови потсетуваат на предизборниот период во 2020 кога и некои други министри изјавуваа дека нема да ги почитуваат тогашните одлуки на Управниот и Вишиот Управен Суд кои правосилно го поништија Решението на Државната Комисија за одлучување во управна постапка кое се однесуваше на барањето за дозвола за експлоатација. Мора да напоменеме дека вака срочените изјави и ставови се потенцијален доказ против државата во евентуална постапка пред Меѓународна Арбитража. Директно го загрозуваат меѓународниот имиџ на државата, која како полноправна членка на НАТО и држава која претендира да стане полноправен член на ЕУ, меѓу другото има и обврска да обезбеди правна сигурност и ефикасност во спроведувањето на законите за домашните, но и за странските инвеститори.

Цврсто сме убедени дека планираната инвестиција е во најдобар интерес на државата, нејзиниот долгорочен економски развој, и на локалните заедници. Реализацијата на овој проект е сигурно вин-вин сценарио: и економски развој, повеќе работни места, приход за граѓаните и безбедна, здрава, животна средина. Противниците на инвестицијата манипулираат со стари технолошки податоци, недостаток на факти и застарени информации. Потенцијално штетните материи се целосно исклучени од процесот на експлоатација, ризикот од излевање е комплетно елиминиран, водата го заобиколува јаловиштето и ќе биде целосно оставена на располагање на земјоделците. Создадовме целосно нов технолошки проект, за да обезбедиме стопроцентно отстранување на сите грижи на населението и целосно безбедна и здрава околина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026
Македонија

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил

14/02/2026
Македонија

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што

14/02/2026
Македонија

Колку навистина чини еден просечен викенд за македонско семејство?

14/02/2026
Македонија

НЕМА СКАНДАЛ БЕЗ ЗАЕВ И БЕЗ ФИЛИПЧЕ Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

14/02/2026
Македонија

Станови од „злато“ – рекордни цени и бум на пазарот

14/02/2026
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41446
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави дека бројот на нови случаи на грип и заболувања слични на грип во периодот

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил 78 годишна жена од Челопек!

14/02/2026

На 13.02.2026 во 19:30 часот во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане гo лишиле од

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што целосно исчезна од кошничката?

14/02/2026

Промените во цените, инфлацијата и навиките на потрошувачите значително ја трансформираа семејната потрошувачка во последните пет години. Анализата на движењата

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy