
РАЗВИЛ БИЗНИС ЗА ВРЕМЕ НА КАРАНТИНОТ, СЕГА МУ НОСИ ИЛЈАДНИЦИ ФУНТИ ДНЕВНО: Почеток заради занимација, сега семеен бизнис
Кога Британецот Дери Грин почна да гради дрвена куќичка за релаксација во сопствениот двор, тој го виде тоа како начин
да ги држи своите деца „окупирани“ за време на карантинските денови во
пандемијата на корона. Не знаел дека неговиот проект ќе се претвори во профит и
дека три години подоцна ќе има на располагање дури девет такви дрвени куќички – мешунки.
Како што пишува Business Insider, неговата куќичка, создадена од забава, сега е
резервирана три месеци однапред.
Тој објаснува дека оригиналната идеја за проектот ја
пронашол за време на семејно кампување во дворот.
– Кога првпат отидовме на кампување, беше одлично. Многу се
забавувавме, но шетањето по влажна трева наутро не беше баш интересно за
децата, па решивме да изградиме „палуба“ на која ќе кампуваме – вели овој Грин.
Но, палубата на крајот се претвори во вистинска куќа.
– Продолживме да градиме секој ден по малку, подучувајќи ги
децата и покажувајќи им какви алатки за што се користат. И до крајот на првото
заклучување, изградивме нешто што изгледа како „глампинг“ куќа – рече Грин.
Откако првата мешунка официјално беше отворена за гостите во
јуни 2020 година, Грин поднесе барање за дозвола за планирање за изградба на
соодветно место за глампи на четирите хектари шума што ја поседуваше веднаш до
неговиот дом. Дозволата ја доби девет месеци подоцна, во март 2021 година.
Оттогаш изгради уште осум – и сè уште гради.
– Градиме уште четири, две ќе бидат отворени во август, а
другите две подоцна годинава – додава тој.
И колку чини ноќевање во мешунка?
Куќите
може да се изнајмуваат од 195 до 285 фунти, во зависност од моделот, за една
ноќ.
ФОТО: Twitter
