Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Разрешени министрите – вечерва седница за избор на нови
Македонија

Разрешени министрите – вечерва седница за избор на нови

23/02/2023

AA

Собраниската седница за избор на новите членови на Владата ќе продолжи во 20 часот и веќе стартуваше седницата за пратенички прашања.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 104. седница за реконструкцијата на Владата, откако почна терминот на пленарната седница за пратеничките прашања.

За расправата по втората точка од 104. седница – Предлог за избор на членови на Владата се пријавија 38 пратеници, а претходно по неколкудневна расправа беа разрешени министрите за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор Џемаил Чупи.

Џафери рече дека за изборот на членови на Влада се отвора општа расправа и гласањето е поединечно.

-Една заедничка расправа, а гласањето поединечно, рече тој

Во процедурална забелешка координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека спикерот Џафери претходно дозволил поединечно изјаснување, односно дискусија за секој од тројцата разрешени министри, а сега ја спојува дискусијата за четири министри во една.

-Логички е на волку тензија, на волку собрани министри за разрешување на нивни колеги, да дозволите да се направи расправа поединечна за сите овие четири предлог-кандидати, да продискутираме. На крајот никој не ви брани да гласате и да завршите со кршење на Деловникот, рече Мицевски.

Тој пред гласањето за разрешување на министрите од редовите на Алтернатива процедурално обвини дека поместувањето на почетокот на седницата за пратенички прашања е со цел да се опструира опозицијата да поставува прашања и оти целта е како што вели, „да се наелектризира Собранието и да има тензии доведувајќи ја седницата на раб на инцидент“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
Македонија

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026
Македонија

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и

07/08/2026
Македонија

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена

07/08/2026
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026
Македонија

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај

06/08/2026
Македонија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44897
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за свирепото убиство на Сузана Серенакова

07/08/2026

Скопскиот Апелационен суд ја преиначи првостепената пресуда за Илија Панов од Кавадарци и му ја зголеми затворската казна од 16

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените извештаи биле нецелосни

07/08/2026

Народниот правобранител отвори предмет по сопствена иницијатива за кризата со загадувањето на водата за пиење во Општина Гостивар, за да

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани излезе со јавно соопштение во кое алармира дека АД „Водостопанство – Брегалница“, при чистењето на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy