Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ракот на кожата може да се види и да се лекува: Важна панел-дискусија одржана во Europe House Скопје
Македонија

Ракот на кожата може да се види и да се лекува: Важна панел-дискусија одржана во Europe House Скопје

21/06/2023

AA

Вчера, во просториите на Europe House Скопје, се одржа успешна панел-дискусија на тема „Ракот на кожата може да се види и, доколку рано се забележи, може успешно да се лекува“, како дел од кампањата за подигнување на јавната свест за превенција и рано откривање меланом и други карциноми на кожата.

Настанот е дел од серијата дебати посветени на актуелни теми од здравството, кои Europe House Скопје ги организира во партнерство со Клубот на млади лекари и со учество на Асоцијацијата на специјализанти и млади доктори и Здружението на студенти по медицина, а под покровителство на сопругата на Претседателот на Северна Македонија и амбасадорот на Европската Унија.

Како учесници во дискусијата беа г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на Претседателот на Северна Македонија, Дејвид Гир, амбасадор на Европската унија во Република Северна Македонија, д-р Зорица Зафировиќ, Филип Николовски и Љупка Николовска. Учесниците дискутираа околу важноста на раното откривање и превенција на рак на кожата, со посебен акцент на меланомот. Исто така, беа нагласени значајните чекори што секоја личност може да ги преземе за да ги заштити својата кожа и своето здравје.

Настанот заврши со низа дерматолошки прегледи за присутните на дебатата и за граѓаните. Пријавените граѓани имаа можност да добијат вредни совети за правилна грижа и заштита на кожата. Коментарите од учесниците и посетителите беа изразито позитивни, со многу пофалби за организацијата на настанот и значајните информации што беа споделени.

EUROPE HOUSE се заблагодарува на сите присутни за учеството и се надева дека настанот ќе има долготраен ефект во подигањето на свеста за ракот на кожата и важноста на рано откривање и превенција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
Македонија

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И

16/02/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на

16/02/2026
Македонија

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Сејф

16/02/2026
Македонија

Предложени мерки за скопјанец – ја оштетил компанијата каде работел

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41534
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на одбраната и колективната безбедност, вели

16/02/2026

Како делегација составена од повеќе партии, во моментов сме на посета во седиштето на НАТО, во Брисел, каде што оддаваме

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026

Роднини и пријатели на социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски (39) од Прилеп, кој исчезна во саботата попладне. „Син

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците да го почитуваат дигнитетот и

16/02/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши ги повикал координаторите на пратеничките групи да им пренесат на пратениците дека треба да го

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy