
РАБОТНОТО ВРЕМЕ ОД 9 ДО 17 ЧАСОТ НАСКОРО ЌЕ ИСЧЕЗНЕ: Oва го тврди Реид Хофман, косопственикот на „LinkedIn“
Работното време од 9 до 17 часот ќе исчезне наскоро.
Oва го тврди Реид Хофман, косопственикот на „LinkedIn“. Тој вели дека вообичаеното работно време наскоро ќе стане минато.
„Работното време од девет до пет часот нема уште долго да живее и до 2034 година повеќе нема да се работи на тој принцип“, вели Хофман.
Тој рече дека дел од работната сила ќе биде заменета со вештачка интелигенција.
„Многу бизниси ќе ја сменат природата на нивното работење, бидејќи автоматизацијата ќе ја преземе работата или ќе го смени начинот на којшто луѓето ги извршуваат работните задачи“, објасни Хофман.
Вели дека луѓето ќе бидат флексибилни и нема да работат само во една компанија, туку и во повеќе компании, па дури и во повеќе различни индустрии.

