
Работнички-Шкупи е дербито на четвртфиналето од Купот, Македонија ЃП ќе го пречека Силекс
Најинтересно се очекува да биде во скопското дерби меѓу Работнички и Шкупи откако тимот од Дебар Маало во осминафиналето ја елиминира Шкендија со 3-2. Интересно е тоа што за десетина дена, овие две екипи ќе се сретнат два пати затоа пто в недела Работнички гостува на Чаир во новото коло од Првата лига. Во првиот меѓусебен дуел сезонава, одигран во август, Работнички победи со 3-1.
Бранителот на титулата во ова натпреварување, Македонија ЃП ќе го пречека Силекс во надеж дека ќе ја продолжи борбата кон хет-трик во Купот. Тиквеш во Кавадарци ќе ја пречека Брера АП, а последната четвртфинална двојка ја сочинуваат Брегалница и Воска.

