
Работнички подобар од ТФТ во првиот дуел од битката за третото место!
По елиминацијата во полуфиналните дуели, Работнички и ТФТ денеска ја почнаа битката за третото место.
Работнички со добра игра во третата четвртина која ја добија со 30-15, дојде до пресврт, а потоа и до победа од 85-74.
Рикиќ со 17 поени и 13 скокови беше најдобар во составот на Работнички, Ѓуроски постигна 14, Декоси и Ефремовски по 15 поени. Во составот на ТФТ, Верц постигна 20 поени.
Серијата се игра во два добиени натпревари.