
Работнички по голема драма го урна Тиквеш
Првата четвртина беше неизвесна, а истата му припадна на Работнички со 18-17. Скопскиот тим заигра подобро во продолжение од полувремето, па на паузата замина со предност од 43-35.
Екипата од Кавадарци влезе во одлична серија во третата четвртина и направи целосен пресврт (58-57), но Работнички веднаш го возврати ударот и во последните 10 минути влезе со 65-60.
Неизвеност беше и во последната четвртина, каде што беа забележани неколку пресврти, а на крајот Работнички славеше со 82-77.
Виктор Ефремовски постигна 16 поени во победничкиот тим, додека Хил запиша 19 поени за Тиквеш.