Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Работна средба на УО на Советот на странски инвеститори со Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции
Економија

Работна средба на УО на Советот на странски инвеститори со Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции

29/06/2023

AA

Презентирани предлози за унапредување на бизнис климата

Новиот состав на Управниот одбор на Советот на странски
инвеститори оствари работна средбa со вицепремиерот за економски прашања,
Фатмир Битиќи задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и
инвестиции, на која дискутираа за актуелните економски состојби и предложија
решенија за подобрување на условите за водење бизнис во државата.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека секогаш со внимание ги
слуша забелешките на инвеститорите и е отворен за забелешки за тоа како да се
подобрат условите за работењето на компаниите. „Нашите напори одат во правец на
поддржување на економијата преку процес на консултација и заедничка соработка
со бизнис заедницата, што е многу значајно за нас како Влада“, рече
вицепремиерот Битиќи.

Претседателот на Советот на странски инвеститори и
генерален директор на Костал Македонија, Виктор Мизо посочи дека е особено
важно Советот на странските инвеститори да биде вклучен во креирањето на
економските политики и во следењето на нивната имплементација, што ќе овозможи и соодветно, навремено и оптимално
планирање на деловните одлуки на странските инветитори во земјата,
бидејќи само така може да се очекува зголемен економски раст и развој.

На денешниот состанок беа презентирани клучните иницијативи
и предлози на странските компании, со цел олеснување на работењето во врска со
прашањата поврзани со даночната регулатива, 
усогласување на царинските стапки до ниво на ЕУ за дополнителни тарифни
ознаки заувоз на
суровини и репроматеријали, одливот на стручен кадар од земјава, финансиската
поддршка на инвестициите од страна на државата и можноста за подобрување на
определени законски решенија во оваа област, превод на меѓународните стандарди
за финансиско известување и ред други теми што би ги подобриле условите за
водење бизнис во државата.

Присутните претставници од Советот на странски инвеститори
го изразија нивното задоволство од состанокот, при што беше заеднички
констатирано дека партнерскиот однос и комуникацијата меѓу приватниот сектор и
државните институции е клучна и само мерки кои се носат преку суштински
консултации и заемен дијалог носат вистински резултати.

Советот на странски инвеститори кој е основан во 2006 година во
рамките на  Стопанската Комора на Северна
Македонија претставува глас на деловната заедница, формиран со цел националната
економија да стане попривлечна за инвестирање преку поедноставување на
деловното работење и поголема предвидливост на бизнис климата. Промовирањето на
деловната етика и високите начела за корпоративно управување се исто така на
врвот на агендата на Советот на странски инвеститори.

Во моментот во Советот на странски инвеститори членуваат повеќе од
120 компании со странски капитал во земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy