
ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Русија е број еден во Европа по БДП и четврта во светот
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е број еден во Европа по бруто домашен производ.
„Русија е веќе четврта во светот по бруто домашен производ. И е прва во Европа. Ова се многу значајни индикатори“, кажа Путин на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Путин изјави дека предминатата година растот на рускиот БДП бил 4,1 процент, минатата година 4,3, додека глобалниот раст бил 3,3, а „многу западни земји имаат многу пониски бројки“.
Поради војната во Украина, Русија е под санкции.