
ПУТИН ПРИСТИГНА ВО ПЕКИНГ: Рускиот претседател ќе зборува веднаш по Си Џинпинг на отворањето на форумот „Еден појас, еден пат“
Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во дводневна посета на Пекинг, каде што ќе зборува на отворањето на форумот „Еден појас, еден пат“ и ќе одржи серија билатерални средби, од кои едната е со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Очекувано, денеска шефот на руската држава ќе разговара, меѓу другите, со претседателот на Виетнам Во Ван Туонг, со премиерот на Тајланд Срет Тавесин, со претседателот на Монголија Ухнагин Курелсук и со лидерот на Лаос Тонглон Сисулит, пренесува РИА Новости. .
Путин ќе биде вториот што ќе зборува на отворањето на форумот на 18 октомври, по кинескиот претседател Си Џинпинг, а истиот ден ќе се одржи и средба меѓу претседателите на Кина и Русија.
На дневен ред ќе бидат билатералните односи и формирањето на поправеден мултиполарен светски поредок, наведува руската агенција.

