Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пуштена во употреба апликација за детекција на осигурителни измами
Економија

Пуштена во употреба апликација за детекција на осигурителни измами

13/02/2024

AA

Националното Биро за Осигурување пушти во употреба апликација за детекција на осигурителни измами, во штети настанати од автомобилски незгоди. Со воведувањето на новиот систем за детекција на измами, изработен од осигурителните компании во соработка со Националното Биро за Осигурување, се обезбедува една револуционерна промена во начинот на кој се обработуваат и проверуваат штети.

„Овој систем претставува кулминација на напредните технологии и аналитички вештини, вградени во една рамка која има за цел да ја зголеми транспарентноста и да ја намали можноста за измами во штети од сообраќајни незгоди“,соопшти бирото.

.

Системот користи напредни алгоритми за компарација, кои се способни да детектираат повторувачки информации и патерни кои се сомнителни. Ова овозможува да се идентификуваат потенцијални неправилности во податоците и да се предупредат ликвидаторите за измами уште пред тие да се случат. Оваа способност за предвидување е клучна во модерниот свет на осигурување, каде брзината и точноста на информациите се од суштинско значење.

.Системот за детекција на измами функционира на принципот на анализа на податоци од секоја пријавена штета. Тој внимателно ги проучува сите внесени параметри за да утврди дали има сличности или мали неусогласености кои може да укажуваат на потенцијална измама. Оваа внимателност и прецизност се особено важни во случаи каде што една штета може да биде пријавена повеќе пати, со мали варијации во информациите.

.Иако деталите за конкретните случаи на успешно спречени измами се доверливи, несомнено е дека системот е особено ефикасен. Неговата способност да идентификува потенцијални измами не само што го заштитува осигурителниот сектор од финансиски загуби, туку исто така ги заштитува и клиентите од неволно учество во измамнички дејства.

Со оценувањето на степенот на сомнителност на секоја пријавена штета, системот обезбедува дополнителен слој на безбедност. Ова се постигнува преку анализа на внесените параметри на штетата, при што системот бара сличности со други пријавени штети. 

„Реакциите на осигурителните компании на овој нов систем се особено позитивни. Самиот факт дека идејата за развој на системот потекнува од нив, говори за нивната посветеност кон иновации и унапредување на услугите. Од друга страна, клиентите исто така имаат голема корист од овој систем, бидејќи тој овозможува побрзо и попрецизно решавање на нивните пријави. Системот значително ја намалува потребата за време за рачни проверки, освен во случаи кога постои сомнителност во штетата“, информираат од бирото.

.Плановите за идните надградби на системот вклучуваат интегрирање на уште поголем број на штети во базите на податоци и забрзување на алгоритмите за пребарување и статистика. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОДЗИВОТ ВО БРВЕНИЦА 44,57 ОТСТО, ГЛАСАЛЕ 7.241 ИЗБРИРАЧИ Мирен изборен

18/10/2026
Македонија

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИ ИЗБОЛЕ СО НОЖ НИВНИ СОГРАЃАНИ ВО СТАН ВО

18/10/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 15 ЧАСОТ Е 31,17 ПРОЦЕНТИ, ПОГОЛЕМА

18/10/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 15 ЧАСОТ Е 31,17 ПРОЦЕНТИ, ПОГОЛЕМА

18/10/2026
Македонија

73-ГОДИШЕН ПАЛАНЧАНЕЦ СИЛУВАЛ 75-ГОДИШНА ЖЕНА Полицијата му поднесе кривична пријава

18/10/2026
Македонија

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР СЕ СОМНЕВА ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ЗНАЕЛЕ ЗА

18/10/2026
Македонија

ЖИТЕЛ НА ЈЕЛОВЈАНЕ ПРОВАЛИЛ ВО ТРИ ЏАМИИ ВО ТЕТОВО ЗА

18/10/2026
Македонија

СО АВТОМОБИЛОТ УДРИЛ ВО БЕТОНСКИ ЅИД Гостиварец загина на лице

18/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46236
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОДЗИВОТ ВО БРВЕНИЦА 44,57 ОТСТО, ГЛАСАЛЕ 7.241 ИЗБРИРАЧИ Мирен изборен ден со непречено гласање

18/10/2026

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека според пресекот направен во 18:30 часот и пристигнатите податоци од 24 избирачки места, вкупниот

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИ ИЗБОЛЕ СО НОЖ НИВНИ СОГРАЃАНИ ВО СТАН ВО СКОПЈЕ Полицијата уапси две лица

18/10/2026

Двајца турски државјани се лишени од слобода, а полицијата трага по уште едно лице поради сомнение дека извршиле обид за

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 15 ЧАСОТ Е 31,17 ПРОЦЕНТИ, ПОГОЛЕМА ОД ИЗБОРИТЕ ВО 2025 ГОДИНА

18/10/2026

Гласањето на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 15 часот се одвива непречено и без забележани потешкотии, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy