
Пукање во училиште во Сао Паоло: Убиен ученик (15), уште тројца тешко ранети
Еден 15-годишен ученик е убиен денеска, а тројца се ранети во пукање во државното училиште Сапопемба во Сао Паоло, јавија бразилските медиуми.
Откако полицијата пристигнала на местото на настанот, осомничениот се предал и бил уапсен.
15-годишен ученик се здобил со рана на главата и бил пренесен во болница, но им подлегнал на повредите. Другите ученици биле погодени во градите, клучната коска и десната рака.
На местото на настанот се испратени хеликоптер и повеќе од 20 полициски возила.