
Пукање во Скопје, едно лице заврши во болница – од пукањето оштетено и едно паркирано возило
На 27.09.2023 во 00.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) од Скопје и му нанеле прострелна рана.
Од пукањето било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“.
А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.