
ПСЖ подобар од Алборг во дербито во ЛШ
Алборг им парираше на домаќините до 7-7, по што ПСЖ влезе во серија од 4-0 (11-7). Гостите не дозволија тимот од Париз да им избега на полувреме, па намалија на само еден гол негатива (14-15).
Данскиот тим во вториот дел успеа да го сврти мечот во своја корист, па дури и да поведе со два гола разлика (20-18), која ја одржуваше неколку минути, но потоа се разбудија парижаните кои со одлична серија во финишот од мечот триумфираа со 33-30.
Пранди постигна осум гола за ПСЖ, додека Хансен го заврши натпреварот со седум погодоци за Алборг.
