
ПСЖ низ „иглени уши“ во осминафинале, Милан ќе се теши со Лига Европа (ВИДЕО)
„Светците“ одиграа нерешено на гостувањето кај Борусија Дортмунд (1-1), но одат во осминафиналето поради победата на Милан во Њукасл со 2-1. Да беше обратна ситуацијата и да славеше премиерлигашот, сега ПСЖ ќе беше елиминиран и ќе се подготвуваше за учеството во Лига Европа.
Таму оди Милан кој барем ја спаси евро-сезоната откако по првите три кола имаше само два бода, без ниеден постигнат гол. „Росонерите“ вечерва славеа со пресврт на Сент Џејмс Парк, но пред се му направија услуга на ПСЖ кој ќе ја продолжи борбата за титулата во Лигата на шампионите. ПСЖ оди понатаму само поради подобриот биланс во меѓусебните дуели со Милан (победа со 3-0 и пораз со 1-2).
Последен учесник во нокаут фазата е Порто кој во директниот дуел со Шахтјор на домашен терен не дозволи изненадување и славеше со 5-3.
РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА Е
Атлетико – Лацио 2-0
Селтик – Феенорд 2-1
ТАБЕЛА: Атлетико 14 бода, Лацио 10, Феенорд 6, Селтик 4
ГРУПА Ф
Борусија – ПСЖ 1-1
Њукасл – Милан 1-2
ТАБЕЛА: Борусија 11 бода, ПСЖ 8, Милан 8, Њукасл 5
ГРУПА Г
Црвена Звезда – Манчестер Сити 2-3
Лајпциг – Јанг Бојс 2-1
ТАБЕЛА: Манчестер Сити 18 бода, Лајпциг 12, Јанг Бојс 4, Црвена Звезда 1
ГРУПА Х
Антверп – Барселона 3-2
Порто – Шахтјор 5-3
ТАБЕЛА: Барселона 12 бода, Порто 12, Шахтјор 9, Антверп 3
