Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Психолог останала без работа по најавата за бременост, го изгубила бебето во седмиот месец
Македонија

Психолог останала без работа по најавата за бременост, го изгубила бебето во седмиот месец

24/11/2025

AA

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистер по специјална едукација и рехабилитација и психотерапевт со долгогодишно искуство, останала без работа веднаш по најавата дека е бремена, пишува СДК.мк.

Според пријавата до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, поради стресот од непродолжувањето на договорот и фактот што по нејзиното заминување биле вработени 65 нови лица, жената во 27. недела од бременоста го изгубила своето бебе.

Жената од 2001 година работела со договор на определено време, со полно работно време, практично како редовно вработена. По изборите минатата година, таа очекувала конечно решавање на својот статус, но на 31 декември 2024 година договорот не ѝ бил продолжен.

Во разговор со директорот, таа била известена: „Оди дома, имаш поважна работа. Бремена си.“ Во својата претставка до Комисијата таа приложила медицинска документација од Гинекологија дека бременоста била здрава и без ризици.

„Од стресот што го доживеав по губењето на работата, на 4 март 2025 година, во речиси 27 недела, го изгубив моето дете. Сум била здрава, со уредна бременост. Тортурата си го направи своето“, навела таа.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека се работи за директна интерсекциска дискриминација. Болницата и директорот не доставиле докази дека непродолжувањето на договорот не било поврзано со бременоста.

„Бременоста е биолошка карактеристика поврзана со полот и жената има посебна законска заштита, вклучително и кога работи со договор на дело“, наведува Комисијата.

Според заклучокот на Комисијата, станува збор за тежок случај на директна, повеќекратна и продолжена дискриминација. Жената сега има право да поднесе пријава и тужба до надлежните органи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy