Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРВИТЕ БЕБИЊА ВО 2026 ВО ВЕЛЕС И КАВАДАРЦИ СЕ ЖЕНСКИ: Градоначалниците ги посетија новите жители
Македонија

ПРВИТЕ БЕБИЊА ВО 2026 ВО ВЕЛЕС И КАВАДАРЦИ СЕ ЖЕНСКИ: Градоначалниците ги посетија новите жители

01/01/2026

AA

Првиот ден од Новата 2026 година донесе радост во породилиштата во Велес и Кавадарци, каде првите новороденчиња се девојчиња. Локалните власти веќе ги посетија мајките, посакувајќи им здравје и среќно детство на најмладите сограѓани.

Во велешката Општа болница, првото бебе се роди денеска во 11:51 часот. Се работи за женско бебе по име Мила, која е втора ќерка на 31-годишната Клементина Штерјовска.

Бебето е тешко 2,700 грама и долго 50 сантиметри, а породувањето е извршено со царски рез под контрола на д-р Ѓорѓиче Николов и главната сестра Бети Митковска.

Градоначалникот Марко Колев ја посети мајката и ѝ врачи пригодни подароци, како и штедна книшка со 15.000 денари.

Во Кавадарци, празничната ноќ беше особено радосна за мајката Ивона (родена 1997 година), која се породи спонтано само 28 минути по полноќ.

Првороденото женско бебе тежи 2.550 грама и е долго 51 сантиметар. Набргу по неа, во болницата се родило и машко бебе.

Градоначалникот Митко Јанчев при посетата истакна дека болницата ги има сите услови за квалитетна услуга и дека секогаш ќе ја ужива поддршката од Општината и бизнис секторот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy