Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Првиот пациент кој се врати од лекување во земјава: „Моите деца сѐ уште имаат татко благодарение на докторите“
Македонија

Првиот пациент кој се врати од лекување во земјава: „Моите деца сѐ уште имаат татко благодарение на докторите“

26/03/2025

AA

Првиот пациент кој се врати од лекување од Србија, Белград е Дарко Стојанов кој беше повреден во трагедијата во Кочани. 

Дарко Стојанов, денеска во објава на социјалните мрежи упати благодарност до лекарите кои го спасиле неговиот живот, како и до сите кои што му давале поддршка во овој тежок период на закрепнување.

Тој вели дека неговата здравствена состојба е добра и стабилна и оти сега ќе следува малку подолг процес на опоравување, додека да бидат санирани сите последици.

„Драги пријатели, познаници и непознаници.

МИЛИ МОИ УЧЕНИЦИ ПРЕМНОГУ МИ НЕДОСТАСУВАТЕ, НО ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НАСКОРО. МОЈ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА СОЛИДАРНОСТА, ЕМПАТИЈАТА И ХРАБРОСТА КОЈА ЈА ДОБИВАМ.

Со оваа објава пред се сакам јавно да се заблагодарам за личната поддршка која ја добив од огромен дел од вас. Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на опоравување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро. Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат. Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните кој што се спаси таа траорна ноќ. Но, огромен дел за жал ја немаа таа среќа. Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, Раната на душата кој ќе крвари во мене до крајот на мојот живот.

Благодарам на сите институции кои беа вклучени во организирањето и реализацијата за лечење во СРБИЈА и останатите земји. Доколку не се случеше тоа, не знам дали сега ќе го пишував ова. Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои. Се надевам дека што поскоро ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за се што прават. Се надевам дека ови херои што побрзо ќе добијат се што заслужуваат. Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ.

Не постојат зборови со кои можам да се заблагодарам на целиот персонал од Клинички центар Србија. Моите деца сеуште имаат татко благодарение на докторите, и НЕВЕРОЈАТНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ од клиниката. Тоа беа моите ангели чувари. БЛАГОДАРАМ СРПСКИ НАРОДЕ!

Посакувам што побрзо закрепнуваење на сите кои се повредени и што побрзо да ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траорна трагедија ќе не обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе.

ГУШНЕТЕ ГИ НАЈБЛИСКИТЕ, ФАМИЛИЈАТА, ПРИЈАТЕЛИТЕ. КАЖЕТЕ ИМ ДЕКА ГИ САКАТЕ. НИКОГАШ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗНАЕТЕ КОГА Е ТОА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ!“ – вели Дарко во објавата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува

12/04/2026
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42402
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во кафеана!

12/04/2026

На 11.04.2026 во 01:10 часот полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица ги приведоа В.М.(28), М.М.(42) и М.А.(34), сите од

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во Колешино

12/04/2026

На 11.04.2026 во Полициската станица Струмица од Општа болница Струмица е пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА ЗАСЛУЖУВАМЕ Велигденска порака за единство

12/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод најголемиот христијански празник Велигден, посакувајќи здравје, мир и благосостојба во секој дом. „Велигден

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy