
Први детали за земјотресот во Македонија: „Беше страшно, прво звук па почна да тресе“
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 22.06.2023 година во 09 часот и 53 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 113 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Дел од жителите од овој регион на Македонија коментираа на друштвените мрежи дека било страшно.
„Иако беше слаб, сепак силно се осети. Прво слушнавме звук на бучење, потоа почна да треси“, вели еден жител.

