Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Првата инвестиција што ја најави Мицкоски по пет месеци почнува со работа во Македонија
Економија

Првата инвестиција што ја најави Мицкоски по пет месеци почнува со работа во Македонија

07/11/2024

AA

Алказар Енерџи МКД, првта инвестиција што ја најави премиерот Христијан Мицкоски по доаѓањето на власт, започнува со работа во Македонија, но уште не со производство на електрична енергија, туку со административните подготовки.

Инвеститорот од Дубаи ја основа својата фирма во Скопје, која засега е на микро ниво со почетен влог од 5.000 евра, на адреса во деловниот центар Хипериум. Првичната дејност што е регистрирана е „советување во врска со работењето и останатото управување“. За менаџер е назначен Полјакот Пјотр Даниел Волошченко кој ќе биде испратен од базата во Дубаи.

Во јуни на презентација пред јавноста беше најавен ветерен парк што ќе произведува еден терават електрична енергија кој ќе почне да се гради на почетокот на 2026 година како прв голем проект што го најави новата влада предводена од Мицкоски.

Инвестицијата на „Алказар енерџи“ е најавена со вредност од над 500 милиони долари. „Алказар енерџи“, според информациите објавени од самата компанија, има седиште во Луксембург, со советодавен тим во Дубаи. Фондот, на чие чело е соосновачот Даниел Калдерон, се фокусира на проекти поврзани со обновлива енергија на пазари во развој во Европа и во Турција. Ветерниот парк, како што беше посочено на промоцијата на инвестицијата, ќе има 55 ветерници и ќе се гради меѓу три општини Карбинци, Штип и Радовиш. 

Електричната енергија што ќе се произведува од овие ветерници е приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава. Во текот на изградбата на ветерниот парк се очекува да бидат отворени 630 нови работни места.

Од опозицијата реагираа дека сè уште станува збор само за писмо за намери за инвестирање со пари кои инвестицискиот фонд треба да ги собере до крајот на 2025 година, па дека оттука, како што рекоа, има елементи за спин во информацијата на Владата во делот на странските инвестиции. Реагираа дека освен што Алказар Енерџи нема свои, туку собира пари од други инвеститори, и дека на ваков начин има реализирано само 6 енергетски постројки и тоа во Египет и Јордан, од кои две ветерни фарми и 4 фотовотлаични електрани. Според нив, краен сопственик на фондот била кинеска државна компанија.

Проектот е започнат пред повеќе од петнаесет години од страна на бизнисменот Стефан Пулејковски, а во меѓувреме е предаден на шпанскиот „Инвал“ кој во меѓувреме прејде во сопственост на „Алказар Капитал“. Како независен инвестициски фонд „Алказар енерџи“ е основан во 2014 година. Првите количини електрична енергија во Македонија треба да ги произведе во 2027.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТРПЕТЕ СЕ ДО ПОЛНОЌ, ГОРИВАТА ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ПОЕВТИНАТ Дизелот ќе

09/11/2026
Македонија

СО СТУДЕНТСКИ ОБРОК ДО ПОПУСТИ ВО МАРКЕТИТЕ Владата предлага дополнителни

09/11/2026
Македонија

ХРВАТИТЕ ГО ПРЕПОРАЧУВААТ СКОПЈЕ ЗА ВИКЕНД-ПАТУВАЊЕ Од Старата чаршија и

09/11/2026
Македонија

СИМУЛАЦИЈАТА НА СУДСКИ ПРОЦЕС ЌЕ СЕ ПОЛАГА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

09/11/2026
Македонија

ИСПРАНИ ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА ВЛЕГЛЕ ПРЕКУ ВЕНЕЦУЕЛА ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

09/11/2026
Македонија

„ВНУКОТ ВИ Е ПОВРЕДЕН, ТРЕБА ИТНА ОПЕРАЦИЈА“ Нов бран телефонски

09/11/2026
Македонија

🎥 БОГОЈЕСКИ ВИДЕ „ХИСТЕРИЧНИ КУЧКАРКИ“ И „КОМУНИСТИЧКА ЛЕВИЧАРСКА БАГРА“ НА

09/11/2026
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46667
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТРПЕТЕ СЕ ДО ПОЛНОЌ, ГОРИВАТА ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ПОЕВТИНАТ Дизелот ќе чини 94,5, а бензинот БС-95

09/11/2026

Ново значително намалување на цените на горивата. Бензините поевтинуваат за седум денари за литар, а дизелот за 5,5 денари, одлучи

СО СТУДЕНТСКИ ОБРОК ДО ПОПУСТИ ВО МАРКЕТИТЕ Владата предлага дополнителни поволности за студентите

09/11/2026

Студентите би можеле да добијат дополнителни попусти во трговските синџири преку средствата што им се одобруваат за субвенциониран оброк. Владата

ХРВАТИТЕ ГО ПРЕПОРАЧУВААТ СКОПЈЕ ЗА ВИКЕНД-ПАТУВАЊЕ Од Старата чаршија и Дебар Маало до Матка и

09/11/2026

Ретко кој град во регионот предизвикува толку спротивставени емоции уште при првата средба како македонската престолнина. Скопје е град на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy