Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прва регионална конференција на сметководители и овластени сметководители: Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи
Македонија

Прва регионална конференција на сметководители и овластени сметководители: Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи

27/03/2024

AA

Во организација на ИСОС – Институтот за сметководители и овластени сметководители, утре (28 март 2024) во Скопје ќе се одржи регионалната конференција: „Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи“. Ова е прва конференција од ваков формат што се одржува во нашата земја.

На конференцијата, која ќе се одвива под мотото „Во бројките веруваме (In numbers we trust)”, се очекува да земат учество околу 300 сметководители од нашата земја, претставници на професионални организации на сметководители и финансиски работници од регионот, претставници на институции, организации и компании од земјава, како и домашни, регионални и меѓународни експерти од областа.

Главната цел на конференцијата е да се иницира дискусија со која ќе се зголеми свесноста во општеството за актуелната состојба, предизвиците и перспективите за развој на сметководствената професија во нашата земја, имајќи ги предвид искуствата на земјите во регионот, ставовите и препораките на експертите, како и на претставниците на институциите и бизнис секторот.

Во рамки на конференцијата планирано е да се одржат три панел-дискусии посветени на патот до членство во Меѓународната федерација на сметководители (IFAC), за состојбите и предизвиците со кои се соочува сметководството во регионот, како и за актуелната положба и перспективите за натамошен развој на сметководствената професија во Македонија. Конференцијата ќе ја отворат: Претседателката на ИСОС – Весна Прентоска, Претседателот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија – Горан Рафајловски и Министерот за финансии – Фатмир Бесими.

Дополнително, една од целите на собирот е да се поттикне и поголема соработка помеѓу професионалните сметководители во регионот, преку размена на најдобри практики, искуства и едукација, за што е предвидено да се постави рамка за отпочнување поактивна соработка помеѓу организациите на сметководителите во нашиот регион.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ За

07/11/2026
Македонија

СДСМ ВРШИ САБОТАЖА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА Филипче намерно создава хаос,

07/11/2026
Македонија

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота

06/11/2026
Македонија

НЕКОИ СУДИИ ГИ РУШАТ СТАНДАРДИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Врховниот суд треба

06/11/2026
Македонија

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА

06/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не

06/11/2026
Македонија

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува

06/11/2026
Македонија

НА 60 ГОДИНИ ЈА ТЕРАЛ 80-ГОДИШНАТА МАЈКА ДА ПИТАЧИ Жената

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46641
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ За Бугарија, прашањето не било билатерално

07/11/2026

Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската Унија и земја кандидат според договори кои не се од билатерален

СДСМ ВРШИ САБОТАЖА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА Филипче намерно создава хаос, за политички поени ѝ штети

07/11/2026

Јавното обвинителство не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДСМ и на Венко Филипче,

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота ќе достигне 18 степени

06/11/2026

Времето в сабота, 7 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy