Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Провизиите за основните банкарски услуги се највисоки во регионот“
Македонија

„Провизиите за основните банкарски услуги се највисоки во регионот“

02/06/2025

AA

Партијата на пензионери изрази сериозна загриженост поради, како што вели, високите банкарски провизии и надоместоци за основни услуги, кои според нив се највисоки во регионот. Преку соопштение до медиумите, од партијата апелираат до Владата и Собранието итно да донесат законско решение со кое граѓаните ќе бидат ослободени од плаќање на такви трошоци.

– Апелираме за донесување закон што ќе овозможи пристап до основни банкарски услуги без провизии, особено за пензионерите и другите ранливи категории, се вели во соопштението.

Предлогот подразбира дека банките не би смееле да наплаќаат надоместоци за услуги како што се: подигање готовина на шалтер или банкомат, плаќање на сметки за комунални услуги и одржување на тековна сметка – доколку граѓанинот прима редовни месечни примања на истата сметка (пензија, плата, социјална помош и сл.).

Од партијата нагласуваат дека во некои земји од регионот веќе постојат вакви пракси, при што не се наплатуваат трошоци за отворање, затворање или одржување на основна платежна сметка.

– Целта е финансиска инклузија и поголема правична распределба на трошоците, особено во време на економски предизвици, стои во реакцијата.

Партијата најавува дека ќе продолжи да се залага за конкретни мерки што ќе ја подобрат финансиската положба на пензионерите и ранливите групи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy