Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Протест на ССМ на 1-ви мај: Ќе ги упатиме пораките, нашите и работничките барања!
Македонија

Протест на ССМ на 1-ви мај: Ќе ги упатиме пораките, нашите и работничките барања!

16/04/2025

AA

Сојузот на синдикати на Македонија на Првомајскиот протест повторно ќе бара зголемување на минималната плата на 500 евра, како и покачување на останатите плати за 100 евра, како и зголемување на платите во јавниот сектор за 12,6 проценти во согласност со Општиот колективен договор.

-Сведоци сме дека денеска, за креаторите на политиките е најважно да ги зачуваат нивните енормно покачените плати сега веќе за 79 проценти, а од друга страна, дел од работниците во јавниот сектор не добија усогласување на нивните плати со порастот на просечната плата согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, не го прифатија барањето на ССМ за зголемување на минималната плата за дополнителни 6.000 денари со зголемување и на останатите плати за истата вредност. Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Денес, сите Ние, сите Вие, имаме и имате можност и шанса да покажеме дека тие кои ја водат Државата треба да го слушнат гласот на работниците, имаме можност да го покажеме работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, на кој ќе ги упатиме пораките, нашите и работничките барања, стои во денешната објава од ССМ испратена до медиумите.

Протестот со кој ССМ ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот ќе започне во 11 часот од Работничкиот дом во Скопје и ќе продолжи пред Собранието и Стопанскста комора, а ќе заврши пред Владата.

Минималната плата е зголемена за 1.800 денари и сега изнесува околу 24.400 денари. Од Владата велат дека зголемувањето на минималната плата е согласно критериумите во Законот за минимална плата, но од Сојузот на синдикати на Македонија го спорат донесувањето на ваквата одлука затоа што не е помината на Економско-социјалниот совет, кој, пак, нема одржано седница затоа што се чека одлука од Комисијата за репрезентативност која треба да одлучи за репрезентативноста на ССМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАЕВ КРИЕЛ КРИМИНАЛЦИ ПОД ПОТЕРНИЦА ВО ВИЛАТА ВО ГРЦИЈА Со

05/11/2026
Македонија

ДОДЕКА БИЛ БАРАН СО ПОТЕРНИЦА ОД МАКЕДОНИЈА СЕ СРЕЌАВАЛ СО

05/11/2026
Македонија

СДСМ БАРА ОДГОВОРИ А НЕ СЕ МУ СЕ БРЗА СО

05/11/2026
Македонија

ШТОМ ИМ ЗАВРШАТ ФУНКЦИИТЕ ВЕДНАШ ГРАДАТ ЗГРАДИ Манасиевски бара да

05/11/2026
Македонија

ДАЛИ МУСЛИУ ПРИБИРАЛ ПАРИ ОД ЛУЃЕ НА КОИ ИМ ДАВАЛ

05/11/2026
Македонија

НАЈВИСОКИ ОЦЕНИ ОД ЕУ ЗА НАДВОРЕШНАТА, БЕЗБЕДНОСНАТА И ОДБРАНБЕНАТА ПОЛИТИКА

05/11/2026
Македонија

СДСМ И ФИЛИПЧЕ ПРОДОЛЖУВААТ СО СТАРАТА МАТРИЦА НА СЕЕЊЕ СТРАВ

05/11/2026
Македонија

ФИРМА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ПРИСВОИЛА ОКОЛУ 678.000 ЕВРА НАМЕНЕТИ ЗА

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46592
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАЕВ КРИЕЛ КРИМИНАЛЦИ ПОД ПОТЕРНИЦА ВО ВИЛАТА ВО ГРЦИЈА Со контроверзните кадри СДСМ ќе остане

05/11/2026

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Актуелниот

ДОДЕКА БИЛ БАРАН СО ПОТЕРНИЦА ОД МАКЕДОНИЈА СЕ СРЕЌАВАЛ СО ЗАЕВ ВО НЕГОВАТА ВИЛА ВО

05/11/2026

Зоран Трифуновски-Жаба, организациски секретар во СДСМ, во „Претрес со Ландов“ потврди дека се сретнал со Зоран Заев во Грција пред

СДСМ БАРА ОДГОВОРИ А НЕ СЕ МУ СЕ БРЗА СО НАДЗОРНАТА РАСПРАВА ЗА АЛТА БАНКА

05/11/2026

Наместо да имаме брзи одговори за граѓаните во врска со Алта банка, СДСМ измислува изговори за одложување на седницата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy