Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОТЕСТ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ: Не сакаме 6 отсто, туку 3.500 денари и во тоа нема да отстапиме
Економија

ПРОТЕСТ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ: Не сакаме 6 отсто, туку 3.500 денари и во тоа нема да отстапиме

23/08/2023

AA

Светиниколските пензионери со земјоделска механизација го блокираа патот кој води кон клучката за автопатот Свети Николе-Скопје и Куманово. Децидни се дека барањето им е линерано покачување на сите пензионери од 3.500 денари. Трајче Стаменов пензионер од Свети Николе вели дека со блокирањето на патот сакаат да свртат внимание на надлежните институции.

– Пред се, Министерството за труд и социјална политика, Владата, Здружението на пензионери дека ова што сме го сите побарале да се покачи линерано пензијата на сите пензионери од 3.500 денари го изразуваме на ваков начин, бидејќи досега не наидовме на разбирање. Ние не сакаме 6 отсто туку бараме 3.500 денари и во тоа нема да отстапиме, вели Стаменов.

Посочи дека со протестите продолжуваат секој ден пред Здружението на пезнионери, а наредната среда ќе го блокираат патот кој води кон клучката на автопатот Свети-Николе-Штип.

Прашан за најновата одлука на Владата да се формира работна група за донесување на пакет мерки за заштита на пензионерскиот стандар, Стаменов со став дека во работната група треба да има и пензионери кои секојдневно протестираат за линераното покачување на пензиите.

– Треба да влезат пред се од овие луѓе кои се пензионери и не може нивна група да се формира и на тој начин да се донесуваат одлуките. Тоа не е фер, вели Стаменов.

Миле Тралев наставник во пензија вели дека трошоците за живот секој ден вртоглаво скокаат, а со неговата пензија не може месецот да се истера до крај. Светиниколските пензионери денеска добија поддршка и од земјоделците и нивните здруженија. 

Извор и Фото: МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy