Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Протеран Полјак кој набавувал психотропни супстанци – одземени апчињата и 20.000 евра
Магазин

Протеран Полјак кој набавувал психотропни супстанци – одземени апчињата и 20.000 евра

16/12/2023

AA

На 15.12.2023 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога од СВР Скопје до Јавен Обвинител од ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по чл.215 ст.4 од КЗ против Л.В. (59) од Р.Полска,  со престојувалиште во Скопје. Кривичната пријава е поднесена после спроведена истрага од страна на Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога и Единицата за недозволена трговија од СВР Скопје при што беа обезбедени материјални докази дека полскиот државјанин во текот на месец ноември 2023 година, откако пристигнал во Скопје, неовластено набавил супстанции и материјали за кои знаел дека се наменети за производство на психотропни супстанции и прекурзори и тоа 88.350 таблети.

Врз основа на Наредба за вештачење од јавен обвинител од ОЈО Скопје од страна на Фрамацевтскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје е изготвено стручно мислење, согласно кое од запленетите таблети кои во својот состав содржат псеуфоефедрин, а со оглед на големата количина која е запленета, истата може да биде употребена за нелегално производство на најмалку 3.545 грама на метамфетамин.

По поднесувањето на кривична пријава од страна на јавен обвинител од ОЈО Скопје, полскиот државјанин е изведен пред Судија на Основен кривичен суд Скопје,  од чија страна е изречена казна условна казна затвор од 2 години и мерка протерување од РСМ и забрана за влез во траење од 8 години.  Исто така, од страна на Судија изречена му е мерка за одземање на таблетите, како и парични средства во износ од 14.450 евра и 290.000 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42389
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy