
Пронајдениот труп во Штип е на исчезнатиот Славе Димитриевски
Пронајдениот труп при ископ во Штип е на исчезнатиот Штипјанец Славе Димитриевски (86), по кого се трагаше од 14 август 2024.
„Денеска (22.02.2025) во 09.46 часот во СВР Штип било пријавено дека при вршење ископ при извршување градежни работи во круг на јавно општинско претпријатие било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки, извршен увид и извршено препознавање, било констатирано дека станува збор за С.Д.(86) од Штип, кој беше пријавен за исчезнат на 15.08.2024. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопштија од МВР.
Димитриевски беше едно од трите лица исчезнати во Штип минатото лето. Полицијата се уште трага по Драган Стојанов (40), исчезнат на 10 август.