Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Промовирана монографија по повод 30-годишниот јубилеј на GS1 Македонија: „30 години глобален јазик на бизнисот“
Економија

Промовирана монографија по повод 30-годишниот јубилеј на GS1 Македонија: „30 години глобален јазик на бизнисот“

10/05/2025

AA

Со свечен настан организиран во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија, GS1 Македонија го одбележа 30-годишниот јубилеј од своето основање. Во присуство на бројни претставници од деловната заедница, беше промовирана монографијата „30 години глобален јазик на бизнисот“, која го документира патот на организацијата во изминатите три децении.

Во своето обраќање пред присутните, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, истакна дека GS1 стандардите, чии најпознати симболи се баркодовите, не се само технолошка алатка, туку суштинска поддршка за конкурентноста, дигитализацијата и глобалната видливост на македонските компании.

„GS1 Македонија веќе три децении неуморно работи на тоа да ги поврзе нашите компании со светот, да воведе ред во податоците, да ја олесни трговијата, логистиката и пристапот до пазарите. Денес таа обединува 1 300 свои компании членки на едно место. Монографијата претставува хронолошки приказ на развојот и достигнувањата на GS1 Македонија, како и визијата за иднината во дигиталната ера. Ги опфаќа клучните проекти и резултати кои оставија траен белег во македонското стопанство, но и визијата за иднината – дигитализација, интеграција на 2D баркодови и глобална конкурентност“, истакана Азески.

Во рамки на прославата, за првпат беше доделена и нововоспоставената награда „Амбасадор на GS1 стандарди“, која има за цел да ги препознае компаниите што најдоследно ги имплементираат и промовираат GS1 стандардите. Првиот добитник на ова признание е компанијата Алкалоид АД Скопје, која уште од 1994 година е членка на GS1 Македонија.

GS1 стандардите денес се применуваат во над 118 земји во светот. Во нашата држава,  примената на баркодовите започна уште во 1982 година. По осамостојувањето на нашата држава, во 1994 година во рамките на Стопанската комора се формира сектор задолжен за издавањето на баркодовите EAN МАК, кој што станува полноправен член на EAN International. Во 2006 година следејќи ги меѓународните текови EAN MAK се преименува во GS1 Македонија, а во 2009 година се формира и посебен правен субјект и се одржува првата седница на Генералното собрание на GS1 Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Државниот протокол се крпи со возила собрани од екс-претседатели и

30/05/2026
Македонија

Софија со порака до Скопје: Нема повлекување од договорот од 2022,

29/05/2026
Македонија

М-НАВ да одговори на нашите прашања за проблемот кој сами

29/05/2026
Македонија

Македонец осуден на 15 години затвор за планирање напад на

29/05/2026
Македонија

Историски успех: Катерина Ацевска е прва во светот во џиу-џицу!

29/05/2026
Македонија

Приведени осум лица во случаи поврзани со дрога

29/05/2026
Македонија

Девет возачи уапсени за безобѕирно управување возило, пијани управувале мопед

29/05/2026
Македонија

Македонскиот фудбал во жалост: Загина младиот Аган Асани

29/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43532
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Државниот протокол се крпи со возила собрани од екс-претседатели и рента-кар за пречек на делегации

30/05/2026

Македонскиот државен возен парк за пречек на странски високи гости е доведен до толку мизерно и девастирано ниво, што државата

Софија со порака до Скопје: Нема повлекување од договорот од 2022, Македонија мора да ги исполни

29/05/2026

Евроинтегративниот процес на Македонија останува директно поврзан со спроведувањето на обврските преземени во 2022 година, порача министерката за надворешни работи

М-НАВ да одговори на нашите прашања за проблемот кој сами го пријавиле, а не да

29/05/2026

Цел ден чекаме одговори од М-НАВ за проблемот кој сами го пријавиле преку објавување на НОТАМ (Notice to Air Missions)

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy